21.02.2018 09:09

Фабрегас: Ќе биде вистинско самоубиство ако се браниме во Барселона


Фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас верува дека тој и неговите соиграчи ќе извршат ритуално самоубиство, доколку излезат да се бранат во реваншот на стадионот „Камп Ноу“.

Како што е познато, вчера „сините“ од Лондон ремизираа со лидерот во Ла Лига (1:1) во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

– Ако излеземе со мислата да се браниме 90 минути во Барселона, тоа ќе биде вистинско самоубиство. Ова ќе бидат 90 долги минути, цела вечност. Треба да одиме таму и да напаѓаме. Треба да веруваме дека можеме да ги повредиме, анализира поранешниот играч на каталонците.

– Жално е што не победивме, бидејќи бевме навистина многу добри. Имавме јасен план и се претставивме на висина на задачата. Тажни сме, бидејќи игравме извонредно, но резултатот не го покажува тоа, додаде Фабрегас. /МИА


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments