Езерата во Швајцарија со најниски водостои досега

Сподели со своите пријатели

Нивото на водите на четирите големи швајцарски езера биле најниски досега забележани во август, што е логично со оглед дека од почетокот на 2022 година врнежите се многу ретки, објави Федералната канцеларија за животна средина.

Loading...

Тоа се езерата Констанца, Луцерн, Лугано и Вален.

Количината на вода што се влева во Рајна, со извор од швајцарските Алпи, никогаш не била толку мала во август.

„Во Швајцарија е забележан многу низок водостој, особено во централниот дел на земјата и на југ во областа Тичино“, рече Мишеле Оберхансли, шеф на службата за статистика на Одделот за хидролошки информации на Федералната канцеларија за Животна средина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

„Причината? Скудни врнежи во 2022 година“, изјави таа за АФП.

Но, нискиот водостој не го карактеризираат само споменатите четири езера.

„Никогаш не било вака во август“

Вредности значително под просекот за овој период од годината покажуваат и мерењата во езерото Маџоре на границата на Швајцарија и Италија, кое со 193 метри е најниската точка во Швајцарија, како и онаа во Цуг, рече Оберхансли.

Со исклучок на езерата во планинските венци Јура и Тун, нивоата на сите други големи швајцарски езера исто така се под долгорочниот просек.

Loading...

Во исто време, многу швајцарски реки имаат многу ниско ниво на вода.

Статистички, такво нешто се случува на секои дваесет години, а поретко на две години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

„Можеме да кажеме дека од почетокот на мерењето на нивото на водата, тековите на Рајна и Ројс никогаш не биле толку ниски во август“, рече Оберхансли.

Таа додаде дека дождот, кој метеоролозите го предвидуваат за наредните денови, може „малку да ја ублажи“ проблематичната состојба во Швајцарија, но во секој случај „нема да биде доволен“.