Евтината работна сила ја однесе победата – Тесла се сели во Тексас

Сподели со своите пријатели

Директор на Тесла Илон Маск потврди дека производителот на електрични автомобили планира да го премести своето седиште од Пало Алто, во Силиконската долина во Калифорнија, во Остин, главниот град на Тексас, каде што гради голем комплекс за производство на автомобили и батерии, објави Ројтерс.

Loading...

Тесла им се придружи на Оракл, Хјулит Пакард Ентерпрајз и Тојота Мотор да го преместат своето седиште од Калифорнија, која има релативно високи даноци и трошоци за живот, во Тексас.

Иако Силиконската долина е позната како центар за развој на нови идеи и компании, Тексас е познат по поевтина работна сила и помалку строги прописи.

„Возбуден сум што објавувам дека го преместуваме седиштето во Остин, Тексас“, рече Маск на годишниот состанок на компанијата, што се одржа во фабрика за автомобили во Тексас.