Евровизискиот тим на Македонија пречекан на аеродромот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Евровизискиот тим на Северна Македонија, предводен од Тамара Тодевска, кој освои историско осмо место, кое е најголем успех на земјата на оваа музичко натпреварување, вчеравечер беше пречекан на скопскиот аеродром од семејството и фановите.

Loading...

 Тамара кратко се обрати пред присутните и рече дека се чувствува како победник.

– Очекувавме повеќе, но срќна сум што ве направив горди, рече Тамара.

Во името на Владата на РСМ, тимот беше пречекан од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која рече дека Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите која одекна низ целата планета.

Loading...

– Од името на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име им честитам на Тамара и на целиот тим, за високиот пласман на Евровизија. Тамара е нашиот морален победник. Наша гордост. Со моќна изведба, полна со емоции покажавме дека можеме да конкурираме на светската музичка сцена. Посебно ме радува што околу два часа Северна Македонија беше на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родовата еднаквост и за прифаќањето на различностите. Оваа е пораката што се погласно одекнува низ целата планета и ние сме дел од таа приказна“, рече Царовска.

Фото и видео: Министерство за труд и социјална политика

Leave a Reply