Тамара Тодевска вчера ја претстави песната „Proud“ со која годинава ќе не претстави на Евровизија.
Музиката ја потпишуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е дело на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска, а во спотот се појавува и нивната ќерка Бела.
Покрај Тамара и нејзината ќерка, во спотот се појавуваат успешни жени како Тијана Дапчевиќ, манекенката Катарина Ивановска, поранешната ракометарка Андријана Будимир, актерката Јана Стојановска, писателката Винка Саздова, тенисерката Лина Ѓорческа, харфистката Мерсиха Шукри и кумановската пејачка Ивона Јовановиќ.
На големата сцена во Тел Авив, Израел, прв пат настапуваме како Северна Македонија.
Во продолжение слушнете ја евровизиската песна.