Европските берзи во пад

Сподели со своите пријатели

На европските берзи цените на акциите паднаа, продолжувајќи го негативниот тренд од минатата недела, бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, што ќе го забави растот на економиите.

Loading...

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од 2,5 отсто.

Утринава лондонскиот FTSE индекс загуби 0,22 отсто, на 7445 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,28 отсто, на 15.785 поени, а париски CAC 0,30 отсто, на 7140 поени.

Цените на акциите паднаа и во Азија

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше намален за 0,4 отсто околу 9:30 часот, откако минатата недела потона за речиси 4 отсто.

Утрово јапонскиот индекс Никеи падна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Шангај паднаа меѓу 0,3 и 1,5 отсто. Во Јужна Кореја, пак, тие се зголемија за околу 0,5 отсто.

Се очекува дополнително зголемување на каматните стапки

Поголемиот дел од азиските пазари со денови се под притисок поради забавувањето на растот на регионалните економии, особено на кинеската, која закрепнува од кризата со коронавирусот многу побавно од очекуваното по укинувањето на рестриктивните мерки за коронавирусот.

Поради оваа причина, агенцијата S&P Global ги намали проценките за раст на кинеската економија оваа година од 5,5 на 5,2 отсто.

Loading...

Од друга страна, централните банки на голем број западни земји минатата недела дополнително ги зголемија каматните стапки со цел да ја потиснат инфлацијата.

Понатамошно зголемување на каматните стапки се очекува во САД и во еврозоната.

А зголемувањето на цената на парите ќе го забави растот на западните економии, па ќе ослаби и побарувачката за производи од азиските земји.

Инвеститорите не се склони кон ризик поради растот на геополитичките тензии, по бунтот на платеничката група Вагнер минатиот викенд, што, според аналитичарите, го ослабе рускиот претседател Владимир Путин.