Европскиот суд забрани депортација на мигранти од Руанда

Сподели со своите пријатели

Првиот лет кој требаше да ги однесе барателите на азил од Велика Британија во Руанда, беше откажан неколку минути пред полетувањето по одлуката на Европскиот суд за човекови права во последен момент, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Според планот на владата, седум лица требаше да бидат префрлени во оваа источноафриканска земја, но летот беше прекинат во вторникот вечерта, откако неодамнешната интервенција на Европскиот суд за човекови права доведе до ново преиспитување на одлуката пред британските судови.

Министерката за внатрешни работи Прити Пател рече дека е „разочарана“, но додаде дека „подготовките за следниот лет започнуваат во овој момент“, пренесе Би-би-си.

Британската влада во април објави договор со Руанда, според кој луѓето кои илегално влегуваат во Велика Британија ќе бидат депортирани во таа земја, со цел да ги обесхрабри другите да го преминат Ла Манш.

Во замена за нивното прифаќање, Руанда ќе добие милиони фунти развојна помош.

Хуманитарните организации, политичките противници и верските водачи ја обвинија британската влада дека води „нехумана“ битка против барателите на азил, јави Би-Би-Си.