Европскиот парламент ќе расправа за Правната држава и почитувањето на основните права во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент на идната октомвриска сесија, која наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел, ќе расправа за Правната држава и почитувањето на основните права во Бугарија, јави дописникот на МИА.

Loading...

Европратениците ќе расправаат за тековните протести против корупцијата и заробувањето на државата во Бугарија во понеделник на 5 октомври, додека на 7 октомври в четврток ќе гласаат за резолуцијата предложена од известувачот Хуан Фернандо Лопез Агилар (Социјалист, Шпанија).

Во нацрт-резолуцијата на Лопез Агилар, меѓу другото се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени следните пресуди кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија : пресудата од 19 јануари 2006 година, Обединета македонска организација Илинден и други (апликација бр. 59491/00); пресуда од 18 октомври 2011 година, Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) (апликација бр. 34960/04); пресуда од 11 јануари 2018 година, Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 3) (апликација бр. 29496/16); пресуда од 11 јануари 2018 година, Јордан Иванов и други (апликација бр. 70502/13).

Притоа во резолуцијата се бара од бугарските власти да ги осудат сите акти на насилство и говорот на омраза против малцинствата.

Расправата во ЕП доаѓа откако во Бугарија на 9 јули избувнаа протести, на кои демонстрантите повикаа на оставка на премиерот Бојко Борисов и на јавниот обвинител Иван Гешев, засновани на наводите за корупција и заробување на државата.

-Граѓаните излегоа на улица по два инциденти кои додадоа на растечка фрустрација кај населението од системската политичка корупција, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Leave a Reply