Европската недела на мобилност и годинава одбележана во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Неделата на европска мобилност денеска беше одбележана во Куманово.

Loading...

 

 

Поголем број ученици од градот возеа велосипед низ централното градско подрачје и испратија порака автомобилите и моторите да се заменат со велосипеди.

 

 

Loading...

Настанот беше во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи, а во соработка со Општина Куманово и Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и велосипедскиот клуб „Вело-М“, делегацијата на Европската унија во земјава, како и ЕУ инфо точка,  а со цел да се допре до јавната свест за значењето од користењето велосипед и пешачењето.

– Континуирано во текот на секоја година организираме настани и манифестации кои го стимулираат движењето велосипед, од проста причина што економичноста при движење со велосипедот, здравствениот аспект и еколошкиот аспект секако се на приоритетна листа за нашите активности во минатиот и идниот период, изјави Бојан Петковски од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

 

Неделата на европска мобилност која се одбележува од 16. до 22. септември, опфаќа повеќе настани кои ги организираше Отсекот за превенција при СВР Куманово, а со цел да се зајакне свеста на населението за алтернативниот начин на превоз, но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено велосипедистите.

– СВР Куманово во текот на целата година во континуитет презема мерки и активности за јакнење на свеста за безбедно учество во сообраќајот, пред се почнувајќи од најмладите, тука се вклучени учениците и како пешаци и како учесници во сообраќајот со велосипеди. Токму во оваа недела на мобилност од 16ти до 22 имавме повеќе акции со делење флаери и друг рекламен материјал за јакнење на свеста за безбедно учество во сообраќајот на дечиња со велосипеди, на возрасни, но и јакнење на свеста на другите учесници да ги почитуваат велосипедистите како учесници во сообраќајот, а пред се велосипедот да се користи како превозно средство со цел да се намали голем број на возила во сообраќајот, а воедно и да се заштити животната средина со тоа, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

Loading...

 

Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а првпат беше иницирана во Франција  во 1998 година. Во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски