Европратениците бараат суспендирање на пристапот на Катар во ЕП по корупцискиот скандал

Сподели со своите пријатели

Денеска, Европскиот парламент побара привремено да се „затвори вратата“ за секој што ги застапува интересите на Катар и одлучи да го суспендира секое законодавно дејство поврзано со тој емират.

Loading...

Тоа беше решено поради веќе еднонеделниот метеж поради обелоденувањето на корупцискиот скандал што го погоди самото срце на таа европска институција.

Речиси едногласно (541 глас, два против и три воздржани), европратениците, вознемирени од наводната корупција, која првенствено се однесува на грчката европратеничка Ева Каили – разрешената потпретседателка на ЕП, бараат пристапот на претставниците на катарските интереси да биде веднаш. прекинат додека трае судската истрага.

Одлуката за суспензијата треба да ја потврди претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Поради скандалот, Мезола денеска најави опсежни реформи за 2023 година.

„Во процес сум на подготовка на обемен реформски пакет кој ќе биде готов на почетокот на следната година“, изјави Мецола денеска во Брисел, каде што учествува на самитот на ЕУ.

Таа посебно го спомена зајакнувањето на заштитата на свиркачите и забраната за неофицијални групи за пријателство со трети земји.

Таа, меѓу другото, прецизираше дека невладината организација „Нема мир без правда“, за која се верува дека е поврзана со истрагата која е во тек, повеќе нема пристапни значки до Европскиот парламент.

Loading...

Мецола рече дека ја одбила поканата на Катар да присуствува на Светското првенство бидејќи има работи што ја загрижуваат за земјата.

Ева Каили, нејзиниот партнер Франческо Џорџи, кој работи како помошник во Европскиот парламент, Лука Висентини, неодамна избраниот генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати и Пјер Антонио Панцери, поранешен пратеник во Европскиот парламент, а сега претседател на Невладината организација „Борба против неказнивоста“, беа уапсени минатата недела во Белгија како дел од истрагата за наводни незаконски лоби активности од страна на Катар.

На 13 декември европратениците речиси едногласно ја сменија Каилис од функцијата потпретседател на Европскиот парламент, а таа претходно беше исклучена од нејзината пратеничка група Социјалисти и демократи, втора по сила во ЕП.