Европејците загрижени поради економијата, сепак веруваат во подобра иднина

Сподели со своите пријатели

Истражувањето на „Евробарометар“, спроведено во периодот обележан со пандемијата Ковид-19, покажува дека Европејците се многу загрижени за економската состојба, но исто така имаат уверување дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки кога станува збор за одговор на кризата.

Loading...

Според новиот Евробарометар, спроведен во јули и август, 64 отсто од Европејците сметаат дека економската состојба е „лоша“, а 42 отсто сметаат дека економијата на нивната земја ќе се опорави од негативните ефекти од појавата на вирусот „во 2023 година или подоцна“.

Европејците се поделени во однос на мерките што ЕУ ги презеде за борба против пандемијата, но 62 проценти велат дека веруваат дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки во иднина, а 60 проценти остануваат оптимисти за иднината на ЕУ.

Најмногу оптимизам е регистриран во Ирска (81 отсто), Литванија и Полска (по 75 отсто) и Хрватска (74 отсто).

Најниски нивоа на оптимизам се забележани во Грција (44 отсто) и Италија (49 отсто), каде песимизмот го надминува оптимизмот и Франција, каде мислењето е поделено подеднакво (49 отсто наспроти 49 отсто).

Повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека економската состојба е најитно прашање со кое се соочува ЕУ, што не се случило од економската криза во 2014 година.

Кога станува збор за лични искуства за време на периодот на „затворање“ поради вирусот, 30 проценти од Европејците велат дека било „прилично лесно“ да се справат, додека четвртина велат дека било „прилично тешко“ да се справат со него.

Поддршката за Економската и монетарната унија и еврото останува висока, при што 75 проценти од испитаниците во еврозоната заговараат единствена валута на ЕУ, додека тој процент на ниво на целата ЕУ е 67 проценти.

Loading...

Мнозинството луѓе во 26-те земји-членки на ЕУ, со исклучок на Италија, велат дека „се чувствуваат како граѓани на ЕУ“, со најголеми оценки во Ирска и Луксембург (по 89 отсто), Полска (83 отсто), Словачка и Германија (по 82 отсто), Литванија (81 отсто), Унгарија, Португалија и Данска (сите 80 отсто).

Златко Шумковски

Leave a Reply