Европа: Заштедата на гас е глучна да се преброди зимата

Сподели со своите пријатели

Мерките за заштеда на гас во Европа ќе бидат „клучни“ оваа зима за да се задржи снабдувањето на доволно ниво во случај на целосно прекинување на рускиот гас и „доцен бран на студено време“, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

Loading...

Суспензиите на испораките на руски гас, како одговор на санкциите наметнати на Москва по нејзината инвазија на Украина, ги зголемија светските цени и ги поттикнаа Европејците да набавуваат резерви од друго место, увезувајќи огромни количества течен природен гас (ЛНГ).

Благодарение на стратегијата за диверзификација, „залихите на гас беа речиси 90 отсто полни на крајот на септември“, се вели во извештајот на ИЕА со седиште во Париз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

„Без намалување на побарувачката на гас и ако руските испораки се целосно прекинати, складиштата би биле полни помалку од 20 отсто во февруари, под претпоставка дека ќе има високо ниво на снабдување со ЛНГ гас“, предупреди агенцијата.

Се вели дека тие залихи ќе бидат „пет проценти во случај на ниско снабдување со ЛНГ“.

За да се спречи ова сценарио, ИЕА наведува дека Европа ќе мора да ги почитува мерките за штедење за „да ги одржи залихите на соодветно ниво до крајот на грејната сезона“.

ИЕА, исто така, предвидува можно зголемување на кинеската побарувачка за ЛНГ во контекст на новите договори, додека постудена зима, исто така, ќе доведе до дополнителна побарувачка во североисточна Азија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...