Европа пред најтешката зима во последните 60 години

Сподели со своите пријатели

Претстојната зима може да биде најтешка за цела Европа во последните 60 години – Европската унија ќе плати за санкциите што беа воведени против Русија, изјави вицепремиерот на Романија, Келемен Хунор.

Loading...

„Прво, ние, Европската Унија, ќе платиме за санкциите против Русија. Европа, ЕУ, треба отворено да кажеме: сите ќе ја платиме цената за тоа зимава. За жал, во моментов не се предвидува, нема знаци дека доаѓа крајот на војната. Ќе биде сурова зима, а можеби и најтешка во последните 40, 50, 60 години, за жал, за цела Европа“, изјави Хунор за ТВ Б1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мекдоналдс го повлече омилениот хамбургер во САД

Како што истакна, конфликтот на територијата на Украина ќе трае подолго отколку што сите мислеа, што ќе влијае и на ЕУ.

Сепак, Хунор смета дека санкциите сепак требало да се воведат, бидејќи „немало други лостови на влијание“.

Сепак, според него, Романија ќе се справи со енергетските проблеми.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.