Европа: Најголема епидемија на птичји грип, убиени 50 милиони птици

Сподели со своите пријатели

Европа е погодена од „најразорната“ епидемија на птичји грип во изминатата година, објавија денеска европските здравствени власти, додека експертите ја проучуваат изводливоста на вакцинацијата, пренесува France24.

Loading...

Помеѓу октомври 2021 година и септември 2022 година, околу 2.500 случаи на птичји грип биле откриени на фарми во 37 европски земји, објавија Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), Европскиот центар за превенција и контрола на болести и ЕУ.

Во тоа време, „околу 50 милиони птици беа заклани“ на погодените фарми, објави ЕФСА.

Таа присилна мерка не вклучуваше превентивно убивање на кокошки, патки и мисирки што беше спроведено заедно со епидемиите, изјавија од здравствената агенција за Франс прес.

Во соопштението на ЕФСА се наведува дека „за прв пат“ нема значително раздвојување меѓу двата брана на епидемијата, бидејќи вирусот не беше ставен под контрола во текот на летото.

Епидемијата беше повирулентна оваа есен отколку во истото време минатата година, а бројот на фарми каде што беше откриена инфекцијата беше 35 отсто поголем, наведува АФП.