ЕВРОКУП: Кумановските кошаркари утре ќе ги одмерат силите со ”Роса Радом”

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” утре на гостински терен ќе ги одмери силите со полскиот клуб Роса Радом, а во рамките на третото натпреварување во ФИБА Еврокуп.

Loading...

Претходно, кумановските кошаркари на домашен терен го совладаа тимот КТП Баскет од Финска со резултат  88-78 (26-23, 23-6, 17-22, 22-27).

Тимот од Полска веќе се сретна со ТУРК ТЕЛЕКОМ, каде беше поразен исто како и КК Куманово на натпреварот одржан во Анкара. Според моменталната табела, во групата Ј во која спаѓа и КК Куманово, први се кошаркарите од Анкара, втори се Роса Радом, трети КК Куманово, додека КТП Баскет се четврти.

ГРУПА Ј

Куманово – КТП    88-78
Роса Радом – Турк телеком    68-84

ТАБЕЛА
1. Турк телеком    2    2     0         177-139        4
2. Роса Радом    2    1    1         165-160        3
3. Куманово    2    1    1         159-171        3
4. КТП    2    0    2         154-185        2

Идно коло: Роса Радом – Куманово, Турк телеком – КТП.