Еврокуп 2015: КК Куманово на домашен терен го пречекува КТП Баскет

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” во среда /4 ноември/, во Спортската сала во Куманово го пречекува тимот КТП Баскет од Финска во рамки на натпреварувањата во новоформираниот ФИБА Еврокуп.

Loading...

Ова е прв натпревар за Куманово на домашен терен во рамките на Еврокуп, откако минатата недела, КК Куманово одигра гостински натпревар во Анкара каде забележа пораз од турскиот тим Турк Телеком.

Цена на билетот за натпреварот е 100 денари. Почетокот на натпреварот е закажан за 20:30 часот.