ЕВН во 11 часот ќе ја исклучи електричната енергија во ЈП Водовод

Сподели со своите пријатели

Според писменото известување, денес во 11 часот, електричната енергија во ЈП Водовод ќе биде исклучена, соопшти директорот Горан Стојковски.

Loading...

Електричната енергија според очекувањата на ЈП Водовод ќе биде исклучена во административната зграда сместена на ул. Доне Божинов, т.е согласно мрежните правила за снабдување со електрична енергија, ЕВН најверојатно ќе одлучи, електричната енергија да биде дистрибуирана само во Филтер станица, со оглед дека се работи за процес кој не смее да биде прекинат.

Исклучувањето на електричната енергија според Стојковски, следи откако од ЕВН одбиле да почекаат до 7 август, кога е закажано отварање на тендерската постапка за избор на најповолен добавувач на електрична енергија за ЈП Водовод, согласно Закон за либерализација на енергетскиот пазар.

– Тоа што ние го понудивме на ЕВН е можноста да не почекаат до 7 август, кога очекуваме отварање на тендерската постапка. Понудивме со изборот на добавувач, сукцесивно со помош на Општина Куманово, да го платиме заостанатиот долг на рати со паралелно плаќање на доспеаните тековни сметки, но од ЕВН таквата понуда е одбиена, со инстистирање да се подмират сметките за мај и јуни во износ од 2,5 милиони денари, или спротивно, електричната енергија ќе биде исклучена, вели Стојковски.

Со исклучување на електричната енергија во административната зграда, ЈП Водовод повторно ќе биде доведено во ситуација да не може редовно да ги извршува административните работи, т.е да издава и да наплаќа сметки за претходните месеци, да прима телефонски повици за дефекти, а со тоа да акумулира нови долгови.

Стојковски додава дека агонијата на јавното водоснабдително претпријатие не престанува, ако се земе во предвид дека сопирањето на бај – пас системот од страна на ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле” минатата недела, создаде последователни проблеми со мрежата, при што, од недостаток на вода, создадени се воздушни меури кои предизвикале поголем дефект во Куманово, при што без вода во текот на минатиот ден остана речиси целокупното централно градско подрачје.

Дефектот е саниран, соопштуваат од ЈП Водовод, од каде додаваат дека со исклучување на електричната енергија денес, граѓаните накнадно ќе бидат информирани за телефонскиот број каде ќе може да пријават евентуален дефект на мрежата.