Еве што вели Америка за убедливата победа на Путин

Сподели со своите пријатели

Америка фрли сомнеж во резултатот од овие претседателските избори во Русија на кои убедлива победа освои Владимир Путин.

Loading...

Белата куќа соопшти дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни или фер“, со оглед на тоа како Путин ги затворал своите противници и ги спречувал другите да се кандидираат против него.

Како што објави руската државна агенција РИА Новости, Путин има 87,97 отсто од гласовите, што пропагандистите на Кремљ го оценуваат како „најдобар резултат во поновата историја на Русија“.

Со ова Путин си обезбеди нов, шестгодишен мандат.

Кога станува збор за другите кандидати, Николај Харитонов има 4,6 отсто, кандидатот на партијата „Нови луѓе“ Владислав Даванков 4,2 отсто, додека претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки освои три отсто од гласовите.