Еве што гинеколозите не смеат да прават за време на прегледот

Сподели со своите пријатели

Гинеколошкиот преглед секако не е пријатен, но е неопходен. На многу жени им е тешко да се опуштат во таква ситуација, но во тоа дополнително им одмогнува ставот или пристапот на нивните гинеколози.

Се претставил како гинеколог, за да ги гледа и допира жените, но тоа не е најлошото (видео)

Loading...

Погрдното коментирање на вашето тело е недозволиво

Поточно, не би смееле воопшто да го коментираат, освен во цел за медицински разговор. Било каков разговор за вашиот изглед кој не е поврзан со вашето здравје не е дозволен.

 

 

Не би смееле да ве осудуваат

Со гинеколозите разговарате за еден од најинтимните делови на животот. Мора да бидете искрени за време на прегледот за да тие полесно и побрзо можат да ја установат причината на одредени здравствени проблеми, но многу жени често не се искрени поради стравот дека нивните гинеколози ќе ги осудуваат.

НЕ ИМ Е ЛЕСНО: Гинеколозите искрено за својата професија

Имајте на ум дека вашата должност е искреноста, а нивна професионалноста. Никако не смеат да ве осудуваат поради било кој детал од вашиот сексуален живот.

Предвид може да се земат само професионални совети кои ќе ви помогнат подобро да го разберете најинтимниот дел од своето тело и да го сочувате здравјето.

 

 

Loading...

Преглед без објаснување за што се работи

Секоја жена заслужува да знае се што нејзиниот лекар прави во даден момент. Токму делтаните објасувања им помагаат на жените да се опуштат и се клучни за самиот преглед, за да тој биде што поугоден и побезболен.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Како изгледа абортусот? (видео)

Доколку вашиот гинеколот „заборави“ и не зборува што ви прави, слободно поставете му прашања поврзани за вашиот преглед.

 

 

Не би смееле да наметнуваат лични убедувања

Се имаат обврзано за чување на вашето здравје и пружање медицинска грижа, но не е во ред врз основа на лични убедувања да ви зборуваат што смеете или не смеете да правите.

Запамтете, вашето тело е сепак само ваше.

Leave a Reply