Еве на кој начин можете да „одите“ по вода (видео)

Сподели со своите пријатели

Одењето по површината на водата е можно, а еве и како.

Ако некогаш измешате пченкарен скроб со вода во размер 2:1 ќе добиете една необична појава затоа што оваа мешавина ги покажува својствата на т.н. нењутновска течност која се однесува како цврсто тело кога врз нив ќе примените изненадна сила.

Малите честички скроб се рамномерно распоредени во мешавината и материјата истовремено е црвста и течна.

Не е Исус, ама оди по вода (видео)

Кога силата се применува полека и рамномерно, тие имаат доволно време да се поместар. Во тој случај објектот минува низ нив како што би минал низ вода, а кога ќе се примени изненадна сила, честичките немаат доволно време да се одделат. Од тука и впечатокот дека материјата е цврста.

Течности како вода имаат конзисентна вискозност, така да секогаш се движат во иста насока, без оглед на видот на сила која се применува врз нив, а кај нењутновски течности, вискозноста се менува.

Ако примените изненадна сила, вискозноста рапидно расте, формирајќи полуцврста површина. На површината на нењутновските течности можете да правите многу работи, на пример да возите велосипед, да скокате, да одите, и сто тоа смао ако нагло ја применувате силата затоа што во спротивно ќе потонете.