Не е Исус, ама оди по вода (видео)

Сподели со своите пријатели

Монах од легендарен кинески будистички храм Шаолин успеа само со помош на даски како потпора и своите неверојатни моќи за одржување рамнотежа, помина 125 метри преку вода и така го сруши својот претходен рекорд.

Loading...
  • За да успеете мора да бидете брзи, но исто така треба да правите мали чекори – вели Шаолин.

Вели дека за ова се подготвувал од 2005 година. Познато е дека поминал низ ригорозна обука, за да ја достигне импресивната акробатска вештина. Ова му е трет пат да чекори по вода.

Во јануари оваа година успеал да премине 120 метри, додека во октомври успеал да остане на нозе нешто помалку – околу 118 метри.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.