Еве колку луѓето прават разлика помеѓу Библија и Куран (видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца Јутјуб пранкстери познати под името Дит ис Нормал, одлучиле да спроведат занимлив социјален експеримент, замотувајќи ја Библијата во корици од Куран за да прочитаат делови на случајни минувачи, снимајќи ги нивните реакции.

Пранкстерите читаа делови од Библијата кои говорат за смртната казна на хомосексуалните парови, казнување на “непослушните” жени и положбата на жените воопшто со казнување со отсекување на рака, а минувачите беа шокирани од прочитаната бруталност.

“Како некој може да верува во такво нешто”, прашуваа минувачите, односно, “јасно е, муслиманите се такви”, или пак “кога раснете под влијание на Куранот, јасно е дека тоа ќе влијае на начинот на размислување”, се само некои од коментарите снимени на улиците во Холандија.

Loading...