Еве колку дожд наврна во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, во текот на последните 24 часа, односно од 8 часот вчера до истото време денес, на подрачјето на Куманово наврнати се 16 литри дожд на метар квадратен.

Loading...

Што се однесува до останатиот дел од државата, најмалку дожд паднал во Виница и тоа само осум литри на метар квадратен, веднаш потоа следува Дебар со 9, Скопје и Берово 11, Прилеп 14, Штип и Куманово 16, а најмногу наврнат воден талог имаме на подрачјето на Гевгелдија – 30 литри на метар квадратен, а нешто помалку на Маврово 26.

Како што информираат синоптичарите дождот денеска ќе престане, и во текот на ноќта ќе настапи разведрување.