Еве кога може да се очекува да здивнеме од пеколните температури!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната од 34 до 42 степена.

УВ индексот ќе биде висок со коефициент девет.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени во утринските часови до максимални 38 во текот на денот.

Loading...

 

 

Како што додаваат од УХМР, продолжува периодот на стабилно и натпросечно топло време, но максималната температура од денеска ќе биде во просек за 2 степенa пониска во однос на денешната.

До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во четврток попладне и во петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во петок температурата дополнително ќе се намали, велат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply