Еве какво време може да очекуваме денеска и во текот на оваа недела

Сподели со своите пријатели

Според прогнозите на метеоролозите од УХМР, денеска ќе имаме сончево време со умерена обчаност, додека во источните делови од државата истата ќе биде поизразена.

Loading...

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Температурата ќе се движи во интервал од 0 до 6 степени целзиусови во утринските часови, додека максималната дневна ќе биде од 14 до 20 степени.

Во околината на Куманово денеска времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува околу 3 степени, додека максималната дневна може да достигне и до 15 степени целзиусови.

Во наредните денови нашево подрачје ќе биде под влијание на атмосферрски систем со висок воздушен притисок и стабилни но постудени воздушни маси од исток.

Времето ќе биде стабилно и суво време. Во утринските часови наместа температурата ќе се спушти под нулата а преку денот ќе има иазвесно затоплување.

До сабота по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а прекудено истатат ќе се рассејува.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.