Еве како изгледа девојчето чие лице стана популарно меме пред скоро осум години

Loading...
Сподели со своите пријатели

Кога нејзините родители и приредија изненадување во 2013 година и и рекоа дека оди во Дизниленд, Клои Клем воопшто не беше импресионирана. Нејзиниот израз на лицето стана мем што го користиме и денес кога сакаме да известиме некого дека не сме воодушевени.

Клои денес има 10 години и поради нејзината реакција стана дел од секојдневната комуникација во различни пораки на социјалните мрежи.

Мемот, или изразот на лицето на оваа девојка, на многумина им е попознат како Клои со странични очи. Нејзината фотографија е на аукција како криптовалута NFT. Ова се незаменливи токени кои се дигитални средства кои претставуваат широк спектар на уникатни материјални и нематеријални предмети, од колекционерски спортски картички до виртуелни недвижности, дигитални патики, дигитални сувенири, анимации и слики.

 

 

Првичната понуда за мемето на Клоен е 5 етериуми – форма на крипто валута вредна приближно 15.000 долари или 95.829 долари.

Мајката на популарната девојка вели дека парите од продажбата ќе помогнат да се плати образованието на нејзината ќерка.

Loading...

„Клои би сакала да купи коњ или да оди во Дизни Ворлд, но јас само сакам таа да заврши факултет“, рече таа.

Клои има половина милион следбеници на Инстаграм.