Еве како чудните и креативни идеи можат да донесат многу пари (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Овие луѓе биле подготвени да ги ризикуваат своите пари и репутација за некои, во најмала рака, чудни бизнис идеи. Еве како некоу луѓе пронашле оргинални начини да се збогатат.

Loading...

Медузи во аквариум

Младиот биолог Алекс Едндон забележал дека во ниту една продавница за домашни миленици не можат да се купат медузи, па одлучил тоа да го промени.

Тој поторшил околу 50.000 долари за специјален аквариум во кој одгледувал медузи.

Набргу започнал да ги продава, а две години подоцна можел да се пофали со приход од половина милион долари. Денеска заработува двојно повеќе на годишно ниво, а муштериите до него доаѓаат преку неговиот веб сајт.

https://www.instagram.com/p/BshRE3GBqo4/?utm_source=ig_embed

Големи принтови на Инстаграм објави

Уметникот Ричард Принс уште во осумдесеттите одлучил дека му е полесно да ги зема туѓите дела, малку да ги менува и продава за милиони, отколку да создаде нешто ново и автентично.

Претходно адаптирал туѓи фотографии, реклами и слики, додека во последно време е сконцентриран на објави од Инстаграм.

Loading...

Имено, тој ги претворил фотографиите од корисниците на оваа мрежа во големи принтови и ги изложил во галерија. Она што е фасцинирачко во целата приказна е дека другите се подготвени да платат многу пари за неговите оргинални дела.

https://www.instagram.com/p/oWHU1ewsnm/?utm_source=ig_embed

Парфеми со мирис на трава, земја и тениски топчиња.

Марк Грејмс, сопственикот на брендот Деметер, ја купил ова акомпанија во 2003 година со цел засекогаш да го промени пазарот на парфеми.

Неговата револуционерна идеја била на јавноста да и претстави некои нетрадиционални парфеми како што се оние со мирис на зелка, земја, трева или дури тениски топчиња.

На изненадување на многумина, компанијата започнала да расте, а Марк денес може да се пофали со фактот дека и некои најголеми холивудски ѕвезди се купувачи на Деметер од делот несекојдневни парфеми.

https://www.instagram.com/p/BotnwjlANxI/?utm_source=ig_embed

Реклами на главата

Американецот Брендон Чикотски останал без коса уште во младноста, но не дозволил тоа многу да го обесхрабри, напротив, пронашол начин во тоа да заработи.

Тој одлучил да биде реклама во движење така што на својата глава направил привремени тетоважи со рекламни пораки од различни брендови.

Loading...

Брендон во меѓувреме основал компанија „Балд лого“ која ги поврзува луѓето без коса, кои нудат простор за рекламирање на својата глава на заинтересирани брендови кои се подготвени да ја платат оваа услуга.

https://www.instagram.com/p/RdzhbbwLug/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply