Евангелиско – протестантската црква донираше за стечајците (фото)

Сподели со своите пријатели

Околу 50 хуманитарни пакети денеска донираше Евангелиско – протестантската црква „Божја“ за стечајците од Куманово по повод новогодишните и божиќните празници.

Пасторот на Црква Божја, Зоран Колевски вели дека ова е еден мал белег за да остават траг дека и тие мислат на оваа категорија граѓани, а воедно за следната година најавија и поголема донација.

Ние сме благодарни што можеме во чест на Христовото раѓање да поделиме, да се радуваат малите дечиња. Догодина ако се 1000, ќе гледаме да поделиме 1000 да сите стечајци ги задоволиме. Сето ова се донации од наши луѓе, од сестрински цркви ширум светот, најголем дел од Западна Европа, од Америка – изјави Колевски.

12511688_10205677968254110_1587754650_n

Воедно претседателката Лилјана Георгиевска најави интензивирање на протестите, откако Законот за стечајци повторно не беше изгласан. Со песимистички став Георгиевска вели дека за стечајците нема спас додека власта е во рацете на оваа Влада.

Ќе почнеме со блокади на улици, крстосници, ќе бидеме здодевни. Да ни пружат еден живот. Не можеме да бидеме ние нормални граѓани на ова општество, ама да ни дадат 6000-7000 денари колку толку – изјави Георгиевска.

Против Георгиевска има и кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, што за неа претставува само заплашување.

Инаку бројот на стечајците во Република Македонија драстично се намалува, од 6.000 членови во изминатите години, денес бројката се движи некаде околу 4.000, поради зголемената стапка на морталитет во оваа категорија граѓани.