02.07.2019 03:33

Евакуирано седиштето на Фејсбук: Стигнала пратка со нервен гас


Компанијата Фејсбук во понеделник ги евакуираше вработените од четири згради поради сомнеж дека двајца од нивните колеги биле изложени на нервен гас сарин кој бил спакуван во поштенска пратка адресирана до седиштето на компанијата во Силициумската долина.

Џон Џонсон, претставник на противпожарните служби од калифорнискиот град Менло парк каде се наоѓа седиштето на овој социјален медиум, рекол дека вработените кои биле изложени на сомнителниот пакет засега не покажуваат никакви симптоми, пренесува Ројтерс.

loading...

Според него, компанијата секојдневно ја тестира сета пошта поради можно присуство на несакани материи, а откако било откриено дека една пратка е сомнителна, покрената е стандардна процедура.

Портпаролот на компанијата Ентони Харисон рекол дека по откривањето на сомнителната пратка евакуирани се четири згради на Фејсбук, како и дека полицијата моментално спроведува истрага.

Засега, како што додал, три од четири евакуирани згради детално се пребарани и дадено е зелено светло во нив да се вратат вработените.

Долготрајната изложеност на моќниот боев отров сарин, кој се користи и како хемиско оружје, може да биде фатална.

Image by LEEROY Agency from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments