Евакуиран CNN, бомби испратени и кај Клинтон, Обама и Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Во куќата на Хилари и Бил Клинтон во предградието на Њујорк денеска е пронајдена бомба, јавува Ап.

Неименуван американски функционер рекол дека функционалната експлозивна направа е пронајдена во домот на Клинтон и дека истражителите веруваат дека има врска со онаа пронајдена во понеделник во куќата на милијардерот Џорџ Сорос, наведува американската агенција.

Направата е откриена рано утринава во домот на Клинтон во Њујорк.

Полицијата соопштила дека помага ФБИ, тајната служба и властите во Вестчестер во истрагата за сомнителниот пакет.

Експлозивната направа утринава ја пронашол техничар кој ја проверува поштата пристигната за Клинтонови, пренесува Њујорк тајмс.

Пакет идентификуван како потенцијална експлозивна направа испратен е и до поранешниот американски претседател Барак Обама во Вашингтон, јавува АП повикувајќи се на тајната служба.

CNBS пренесува дека сомнителен пакет е пресретнат упатен и кон Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Откако биле пресретнати сомнителните пакети со експлозивни направи упатени на адресите на Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми јавуваат дека е евакуирана просторијата на CNN и Тајм Ворнер во центарот на Њујорк.

Репортер на CNN на Твитер напишал дека просториите се евакуираат, пишува Ројтерс.

Британската агенција наведува, дека бил евакуиран и Тајм Ворнер центарот, повеќенаменски облакодер, наводно поради сомнителна направа.

Leave a Reply