Ева Браун сите ја знаат по врската со Хитлер, но која всушност била таа

Сподели со своите пријатели

Со децении Ева Браун прикажувана е како ништо повеќе од „обична русокоса“ во рацет ена Адолф Хитлер. Иако е неспорно дека била млада и наивна кога дошла во контакт со озогласениот германски канцелар, нејзината срамежливост набргу исчезнала, додека се позиционирала во најблискиот круг на соработници на Хитлер како личност која ретко кој би се осудил да ја предизвика.

Loading...

Ова се малку познатите факти за Ева Браун.

Била лош ученик

Ева Браун е родена во Минхен на 6 февруари 1912 година. Била едно од трите деца на учител, но никогаш не била добра ученик. Забележано е дека повеќе од учењето ја интересирал спортот, облеката и шминката. За да ја сочуваат од „лошите влијанија“ родители ја испратиле во училиште кое функционирало во рамките на манастир, но Ева не се задржала толку долго, пишува Allday.com.

За да обезбеди финансиска незавиност од родителите, неколку месеци работела како рецепционер во болница, и тогаш прифатила работа како личен асистент во една фотографска работилница. Тоа бил моментот кој и го променил животот.

Кога започнала да му се додворува на Хитлер не знаела кој е тој

Човекот кој ја вработил младата Ева како помошничка бил Хајнрих Хофман, подоцна познат нацистички фотограф. Токму во неговата работилница Ева прв пат го сретнала Хитлер. Било тоа во 1929 година, таа имала само 17 години и се вљубила во него на прв поглед.

Тој се претставил како „Господинот Волк“ – тоа било име кое Хитлер го користел во почетоците на својот политички живот поради безбедносни причини. На своите пријателки го опишала како „љубезен човек во години, со смешни бркови и голем шешир“.

Loading...

Дури и откако и го откриле вистинскиот идентитет на овој „фин човек“ и со што тој се занимава, нејзиното интересирање не се намалило. Само искоментирала дека „не следи политика“.

Имала многу поголемо влијание од што опишуваат политичарите

Иако не била меѓу официјалните лица кои носеле одлуки во нацистичката партија, Ева имала големо влијание врз Хитлер. Тоа најдобро го покажува фактот дека Алберт Шпер и Јозеф Гебелс, најблиските фирерови соработници, правеле се за да и се додворат и биле со неа во добри односи. Се зборувало дури и дека лицата кои се во лоши односи со Ева Браун никогаш нема да добијат повик да го посетат Бергхоф, резиденцијата на Хитлер во Алпите.

Се обидела да создаде слика за Хитлер како нежен и сталожен човек

Иако бил познат по енергичните и скоро шизофрени говори, во германската јавност пред војната постоело убедување дека Хитлер е нежен и сталожен човек, добар кон децата и грижлив кон послабите.

Оваа илузија кај многумина создала Ева која фотографирала огромен број фотографии на кои Хитлер е прикажан како семеен човек. Фотографиите всушност биле изрежани и служеле за пропагандни цели, но Ева на нив го прикажала или Хитлер каков што го гледала или онаков каков што сакала да го види.

Обид за самоубиство

Ева се обидела да се убие кон крајот ан 1932 година. Зела еден од пиштолите на татко си и пукала во градите. Го промашила срцето и тогаш барала да ја лекува личниот лекар на Хитлер.

Loading...

Поради ова голем дел од луѓето мислеле дека самоубиството го исценирала за да го привлече вниманието на Хитлер, а во тоа и успеала. Фирерот во тие денови не се одвојувал од неа обсипувајќи ја со цвеќе и подароци.

Се предозирала со апчиња кога Хитлер не и се јавувал три месеци

Ева се обидела уште еднаш да се убие во мај 1935 година. Во нејзиниот дневник пронашле запишано: „Боже, се плашам дека нема да се јави денес. Решив да земам 35 апчиња овој пат и сериозна сум. Кога само понекогаш би се јавил“.

Овој вториот обид за самоубиство и „заработил“ луксузна вила од нејзиниот „Волк“, а до крајот на 1936 година парот живеел заедно во планинската колиба на Хитлер во Бергхоф во баварскиот дел на Алпите.

Своите последни денови Ева ги минала на „седмо небо“

Крајот на војната (а и животот) Ева ги минала точно таму каде што скала да биде – покрај човекот кој го сакала. Таа нависитна му верувала да Хитлер, а повеќе пати му докажала дека е подготвена да умре за него.

Фирерот оваа верност ја наградил и парот конечно се венчал на 29 април 1945 година, само ден пред двајцата да се убијат.

Loading...

Ева дополнително ја засилувала паранојата на Хитлер

Хитлер верувал дека е опкружен со предавници и Ева ја засилувала оваа параноја. Целосно ја поддржувала неговата идеја дека треба да умре со „херојска смрт“ пред да заврши на милост и немилост на непријателите. Некои извори тврдат дека во последните денови дури и Алберт Шпер и мартин Борман почнале да се плашат затоа што сметала дека сите треба да го завршат истото – да умрат во бункерот со Хитлер.

Се омажила за Хитлер само неколку часа откако тој и го убил зетот

На 28 април 1945 година Хитлер наредил убиство на зетот на Ева. Херман Фегелин е пронајден пијан во обид да избега од Берлин со украдени драгоцености и тоа во оптшеството во друштво на жената која не била сестра на Ева.

Хитлер заклучил дека мистериозната жена мора да е шпион и Фегелин е стрелан. Хитлер и Ева се венчале само неколку часа подоцна и наместо да одат на меден месец извршиле самоубситво на 30 април 1945 година кога Ева била на возраст од 33 години.

Фото: Wikimedia/German Federal Archive

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *