Еурактив: Изборите погодија поединечни земји повеќе отколку самиот Европски парламент

Сподели со своите пријатели

Резултатите од изборите за Европскиот парламент поединечно ги погодија земјите членки на Европската Унија отколку самиот Европски парламент, оценува Еурактив во својата анализа за изборите.

Loading...

Во Франција, претседателот Емануел Макрон повика на предвремени избори по успехот на екстремната десница, што беше оценето како „пораз што може да го скрши“, пренесува порталот.

Во Берлин ненадејниот подем на крајната десница АфД, која го зазеде второто место, и големата победа на десниот центар ЦДУ-ЦСУ, покажуваат дека коалициската влада предводена од социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц е значително ослабена, пренесува Танјуг.

Во Мадрид расте притисокот врз владејачката партија ПСОЕ, откако на изборите победи десниот центар ПП, што дополнително го зајакна и онака „кревкиот политички пејзаж“, пишува бриселскиот портал, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Во Копенхаген (Данска), центристичката коалициска влада изгуби речиси 15 отсто во рок од две години од последните избори, додека во Талин (Естонија), центристичката владејачка партија на Каје Калас е во кризен режим бидејќи го зазеде третото место, но засега таму нема да има распишани вонредни избори.

Во Грција централно-десничарската Нова демократија загуби 1,1 милион гласови за една година и размислува за обнова на владата, додека во Будимпешта партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан постигна послаб резултат од претходно.

Стабилна проевропска коалиција, и покрај подемот на десницата

Како што се наведува, новите биланси во Европскиот парламент покажуваат дека стабилна проевропска коалиција е реално сценарио и покрај подемот на екстремната десница низ Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Десничарската ЕПП, социјалистите од ЕУ и либералната „Обнови ја Европа“ би можеле да формираат мнозинство од 403 места, а резултатите ја зголемуваат можноста кандидатката на ЕПП, Урсула фон дер Лајен, повторно да биде избрана за шеф на Европската комисија.

Loading...

Кристофер Глик, управен директор на фирмата за политички анализи Forefront Advisers, рече дека повеќето од тројцата центристи изгледаат прилично солидно и веројатно имаат повеќе од 410 места.

Тој оцени дека на Фон дер Лајен повеќе не му ѝ потребна поддршката од Џорџа Мелони или ЕЦР за да биде реизбрана за претседател на ЕК и дека преговорите меѓу ЕПП, социјалдемократите и „Обнови ја Европа“ сега ќе бидат „едноставни“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Покрај тоа, социјалистите рекоа дека нема да ја поддржат Фон дер Лајен доколку има каква било соработка со ЕЦР или Мелони, заклучува Еурактив.