ЕУ за уништување на браната: Ова е варварска, ужасна ескалација на руската агресија

Сподели со своите пријатели

Европската унија го осуди уништувањето на браната Нова Каховка, кое го нарече „страшна и варварска“ ескалација на руската агресија врз Украина.

Loading...

Говорејќи на прес-конференција одржана во Брисел, портпаролот на Европската комисија Петер Стано рече: „Ова е нов знак на ескалација“.

„Ова ја подигнува ужасната и варварската природа на руската агресија против Украина на ниво досега невидено“, рече портпаролот на Европската комисија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.