ЕУ воведе делумно ембарго за руската нафта

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на својот Твитер профил напиша дека е постигнат договор за забрана за извоз на руска нафта во ЕУ.

Loading...

„Ова веднаш покрива повеќе од 2/3 од увозот на нафта на Русија, намалувајќи го огромниот извор на финансирање за нејзината воена машина. Максимален притисок врз Русија да стави крај на војната“, рече тој.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Како што напиша тој, овој пакет санкции вклучува и други тешки мерки – протерување на најголемата руска банка Сбербанк од системот SWIFT, забрана за уште три руски државни радиодифузери и санкционирање на лица одговорни за воени злосторства во Украина.

Дописникот на N1 претходно во понеделникот рече дека лицата кои ЕУ ги смета за одговорни за уништувањето на Мариупол или масакрот во Буча, како и патријархот Кирил, ќе бидат санкционирани.

 

Loading...

Руските сили полека напредуваат кон центарот на Северодонецк

 

Во Брисел е во тек самит на лидерите на Европската унија, посветен на Украина и последиците од руската агресија врз таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина, почнува нов свет

Покрај санкциите, лидерите на ЕУ разговараат и за помошта за обновата на Украина која до крајот на годината би можела да достигне девет милијарди евра, зголемување на инфлацијата и зголемување на цените на енергијата, но и како да се деблокираат резервите на Украина со храна и да се транспортираат, пред се до африканските земји, преку и со помош на ЕУ.

Посебна тема ќе биде прашањето за безбедноста на Европа и како да се зајакне.