ЕУ усвои предлог за нов пакет санкции против Москва

Сподели со своите пријатели

Европската комисија усвои предлог за нов пакет мерки за одржување и зајакнување на ефективноста на шесте пакети санкции што ЕУ ги усвои против Русија, вклучувајќи ја и забраната за увоз на руско злато.

Од Комисијата велат дека овој пакет појаснува низа одредби за зајакнување на правната сигурност за спроведување на рестриктивните мерки кои се воведени досега и дека дополнително ги усогласува санкциите на ЕУ со оние на сојузниците и партнерите, особено во Г7.

Новиот пакет ја повторува одлучната позиција на Комисијата за заштита на безбедноста на храната во светот, објавено е на веб-страницата на ЕК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали 2026 година ќе донесе мир или колапс на Украина? Ова се три можни сценарија!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека „руската брутална војна против Украина продолжува со несмалена жестокост“ и дека целта на ЕУ со денешниот предлог е да ги заостри постоечките санкции против Кремљ, да ги направи поефикасни, но исто така да ги продолжи до јануари 2023 година.

– Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија – рече Лејен.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борељ оцени дека санкциите на ЕУ против Русија се строги и дека продолжува таргетирањето на „блиските до Путин и Кремљ“.

– Денешниот пакет го одразува нашиот координиран пристап со меѓународните партнери, вклучително и Г7. Покрај овие мерки, на Советот на ЕУ ќе му поднесам предлог во списокот на санкционирани да се вклучат повеќе физички и правни лица чии имоти ќе бидат замрзнати и ограничена можност за движење – заклучи Борељ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека Русија сака Украина да успее. Ова беше реакцијата на Зеленски (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.