ЕУ: Стапи на сила забраната за увоз на бензин и дизел од Русија

Сподели со своите пријатели

Европската забрана за увоз на рафинирани нафтени деривати од Русија, како што се дизел и бензин, стапи на сила во неделата, јавуваат европските медиуми.

Loading...

Според податоците на Евростат, Русија во октомври извезла во ЕУ дизел и бензин во вредност од над 2,3 милијарди евра.

Само Германија купила повеќе од една четвртина од вкупниот износ на увезени руски нафтени деривати, пишува The Brussels Times.

Ембаргото беше договорено во јуни како дел од шестиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Договорот предвидува некои исклучоци за земјите-членки кои се силно зависни од рускиот увоз.

Ембаргото следи по забраната за увоз на руска сурова нафта по морски пат, која е во сила од декември.

На 3 февруари, земјите-членки на ЕУ, заедно со партнерите од групата Г7, се договорија за ограничување на цената на руските нафтени деривати.

Цените на поскапите нафтени деривати, како што се дизелот, бензинот и авионското гориво, сега се ограничени на 100 долари, а поевтините, како што е мазутот, на 45 долари за барел.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.