ЕУ следната недела ќе се обиде да воведе нови санкции за Иран

Сподели со своите пријатели

Европската унија следната недела ќе се обиде да усвои нови санкции за Иран како одговор на насилството на властите на таа исламска теократска земја врз учесниците на масовните протести кои беа предизвикани од смртта на една млада жена во притвор на иранската морална полиција, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Loading...

„Работиме на следниот пакет санкции“, рече Бурбок.

Според неа, постои желба санкциите да бидат усвоени следната недела.

Махса Амини (22) беше приведена во средината на септември поради неправилно носење хиџаб – шамија што според строгите религиозни прописи, Иранките мора да ја носат над главата, покривајќи ја целата коса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Девојчето починало во притвор, а нејзините родители сметаат дека тоа е последица на тепање, што иранските власти го негирале.

Нејзината смрт доведе до масовни протести кои не престануваат оттогаш и се меѓу најголемите со кои се соочи Иран од Исламската револуција во 1979 година.