ЕУ ПРЕСЕЧЕ: USB C е универзален приклучок за полнење на сите преносливи уреди

Сподели со своите пријатели

Збогум за Lighting, добар ден за USB Type-C на телефоните со iPhone. Apple со години се противи на воведувањето на универзален стандард за полначи за мобилни телефони, но Европската унија го зададе последниот удар кој ќе го принуди еден од водечките производители на мобилни телефони конечно да ги задоволи потребите на своите клиенти.

Loading...

Нов закон

Пратениците од Европската унија донесоа уредба со која ги обврзува производителите на мобилни телефони, таблети, дигитални фотоапарати, безжични слушалки, преносни гејмерски конзоли, како и е-читачи да инсталираат USB порт за полнење од типот C на своите уреди.

Датумот на влегување во сила на оваа одлука е есента 2024 година. Што се однесува до лаптопите, тие исто така ќе треба да се усогласат со оваа директива, но подоцна.

По повеќе од десет години работа на оваа уредба, конечно го добивте она што повеќето од вас го посакуваа.

Веќе нема да има потреба од користење на различни полначи за уредите со iOS и Android.

Според Алекс Агиус Салиба, одговорното лице за известување за активностите на законодавните тела на Европската унија, „Денес е денот кога добивме заеднички полнач во Европа. Долго време, европските корисници беа фрустрирани од акумулацијата на непотребни полначи за различни уреди. Од денес тие ќе можат да користат еден полнач за сите нивни уреди“.

Дополнително одобрување

Мора да нагласиме дека оваа регулатива допрва треба да добие одобрение од Европскиот парламент и Советот подоцна оваа година.

Според досегашните информации тоа е само формалност и најверојатно денешната одлука е конечна.

Loading...

До есента 2024 година, сите уреди кои потпаѓаат под овој закон ќе мора да имаат точка USB Type-C.

Значењето на одлуката

Значењето на оваа одлука лежи во фактот што корисниците ќе можат да користат само еден полнач за повеќето свои уреди.

Дополнително, мораме да напоменеме дека производителите ќе добијат и уште еден поттик да ги изостават полначите од пакувањето со нивните мобилни телефони или таблети.

Зошто да создавате дополнителен електронски отпад ако секој веќе има барем еден USB Type-C полнач?

Според истражувањето на Европската унија, кое го пренесува порталот TheVerge, заштедата се проценува на 250 милиони евра годишно за сите корисници кои повеќе нема да мораат да купуваат дополнителни полначи за напојување на нивните електронски уреди.