ЕУ преминува на „воен режим“: Подготви мерки за транзиција на индустријата за оружје

Сподели со своите пријатели

Европската комисија ќе предложи низа мерки со кои ЕУ ќе ја префрли својата индустрија за оружје во „режимот на економијата во период на војна“.

Loading...

Таа се реши на овој чекор со цел да обезбеди подобар одговор на руските напади врз Украина.

Европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон ќе претстави предлози за поттикнување на земјите од ЕУ заеднички да купуваат повеќе оружје од европските компании за да им помогнат на тие компании да го зголемат производствениот капацитет, пренесува Ројтерс.

„Мораме да ја промениме парадигмата и да преминеме во режим на воена економија. Ова исто така значи дека европската одбранбена индустрија мора да преземе повеќе ризици, со наша поддршка“, рече Бретон.

Тој посочи дека Европа ќе мора уште повеќе да ја зајакне својата одбрана во случај Доналд Трамп, кој претходно критикуваше одредени членки на НАТО, биде избран за претседател на САД.

„Во сегашниот геополитички контекст, Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, без оглед на исходот од изборите на нашите сојузници на секои четири години“, рече Бретон.

Предлозите на Бретон вклучуваат создавање механизам за помош на земјите кои не се членки на ЕУ да купат оружје од европските производители.

Предлозите ќе бидат анализирани и од членките на НАТО, кои претходно ги поздравија напорите на ЕУ да им помогне на одбранбените капацитети на ЕУ, но и предупредија дека потезите на ЕУ не смеат да бидат во спротивност со работата на Алијансата.

Loading...