ЕУ повика: Македонија и Косово да одржат состанок на највисоко ниво

Сподели со своите пријатели

Поради сериозноста на состојбата, властите на Македонија и на Косово, треба да одржат состанок на највисоко ниво, на кој треба да се договорат двете земји тесно да соработуваат во борбата со илегалните поминувања преку граница. Ова го порача официјален Брисел по упадот во караулата во Гошинце кој се случи во вторникот. Од Брисел го осудуваат нападот во македонската караула на северната граница и бараат сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да ја смират состојбата.

Loading...

 – Ние сме загрижени за насилниот инцидент во полициската станица во Гошинце во Општината Липково. Од суштинско значење е тоа да се решава на одговорен начин. Очекуваме властите и политичките партии да вложат максимални напори за да се избегне какво било зголемување на политичките или меѓуетничките тенции, вели Анка Падурару од прес- службата на комесарот за добрососедство и преговори, Јоханес Хан.


Leave a Reply