ЕУ порача: Ќе воведеме остри санцкии за Русија ако ја нападнат Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија е подготвена да воведе санкции кои ќе и нанесат „големи трошоци“ на Русија доколку руската армија ја нападне Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Нека нема сомнеж. Ако Русија тргне против Украина, Унијата ќе биде во позиција да преземе санкции кои би можеле да имаат огромни трошоци за Москва. Ја завршивме нашата работа во тој поглед – изјави синоќа Фон дер Лајен на прес-конференција одржана по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.