ЕУ одобри доделување средства за истражувачки проекти во одбраната

Сподели со своите пријатели

Европската комисија соопшти дека се одобрени средства за неколку нови истражувачки проекти во рамки на Европскиот фонд за одбрана.

Проектот „Океан 2020“ е поврзан со надзорот над морските површини и вклучува употреба на далечински управувани авиони и подморници. Проектот ќе го водат 42 организации од 15 земји на ЕУ и ќе бидат бесплатно финансирани со речиси 35 милиони евра.

Три други проекти, поврзани со подобрувањето на опремата на војниците, добија поддршка од еден до три милиони евра.

Еден од овие проекти е за развој на маскирна облека, која се менува според околината и обезбедува заштита од сензори кои функционираат на неколку бранови должини.

Вториот проект е наменет да ја подобри компатибилноста на единиците, се наведува во извештајот.

Третиот проект е за развој на многу лесни воени панцирни елеци.

Европскиот фонд за одбрана располага со 90 милиони евра за истражување и развој до крајот на следната година. ЕК ќе предложи, по 2020 година, Фондот да добива годишно финансирање од 1,5 милијарди евра./МИА


Leave a Reply