ЕУ најави помош за Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел утринава зборуваше за разорниот земјотрес што денеска ги погоди Турција и Сирија и однесе голем број човечки животи и најави помош од ЕУ.

Loading...

„Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија. ЕУ е подготвена да помогне“, напиша Борељ на Твитер.

Холандскиот премиер Марк Руте најави дека холандски тим за потрага и спасување ќе се приклучи во потрагата по преживеани во Турција и Сирија, јави Би-Би-Си.

Тој преку објава на Твитер му изрази сочувство на турскиот претседател Ердоган.

„Размислуваме за сите жртви на оваа тешка природна катастрофа“, рече Руте.

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хекстра објасни дека холандскиот спасувачки тим вклучува полициски и воен персонал, специјалисти за прва помош и пожарникари.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека и Грција „ќе ги мобилизира своите ресурси и веднаш ќе им помогне на погодените области“, а помош ветија и лидерите на Србија и Шведска.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) претходно ја повика меѓународната заедница да помогне во напорите за пребарување и спасување.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да и ја пружи сета потребна помош на Анкара по силниот земјотрес кој предизвика бројни жртви, пренесе Ројтерс.

Подготвени сме да ја пружиме сета потребна помош по земјотресот, рече Путин во телеграмата со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.