Европската унија (ЕУ) е блиску до воведување на десеттиот пакет санкции против Русија, поради инвазијата на Украина, а се очекува дека денеска – доколку разликите во ставовите околу забраната за увоз на гума и дијаманти од Русија се надминат – ќе се постигне конечен договор.
Ова го потврдија и дипломатите на земјите членки на ЕУ.
Сепак, потсетуваме дека една членка на ЕУ е особено против воведувањето на 10-тиот пакет, а тоа е Унгарија.
Како што рече Виктор Орбан, премиерот на таа земја, „санкциите наметнати од ЕУ кон Русија ја чинеа унгарската економија 10 милијарди евра, но тие не успеаја да го запрат конфликтот“.
Во врска со воведувањето на новиот пакет, понатаму се наведува дека на санкционираната листа треба да има физички и службени субјекти вмешани во илегалната депортација на околу 6.000 деца од Украина, пренесува Ројтерс.
Десеттиот пакет санкции се очекува да вклучи и седум ирански деловни субјекти за кои се верува дека произведуваат опрема што ја користи Русија во воените операции во Украина.
Според агенцијата ТАСС, ова го вклучува 10-тиот пакет санкции:
– Европската унија ќе стави на црна листа 59 лица и 28 организации, вклучително и три банки: Алфа банка, Тинкоф и Росбанка.
– Новата црна листа вклучува и Руски фонд за национално богатство, две медиски холдинг компании (Patriot Media Group I Rossiya Segodnya) и две осигурителни компании (Ingosstakh Insurance Company и RNRC).
Се наведува и Серускиот народен фронт и неколку произведувачи на оружје, како и компанијата Pawell Shipping, со седиште во Лондон, одговорна за „илегален транспорт на украдено украинско жито“, пренесува ЕУобсервер.
Порталот исто така тврди дека ЕУ има намера да го блокира емитувањето на арапските сервиси РТ и Спутник на нејзина територија.
– Разговаравме за 10-тиот пакет санкции против Русија и ќе ја продолжиме дискусијата. Се надевам дека ќе дојдеме до договор – изјави полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садош, по средбата на амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ во Брисел.
Во исто време, ЕУ ја повикува Русија да ги исполни своите обврски од Договорот СТАРТ.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.