ЕУ лансира сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Европската унија постигна договор за создавање сопствен сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра.

Loading...

Претставниците на Европскиот парламент и на Европскиот совет постигнаа договор за иницијативата што Европската комисија ја најави уште во февруари.

Потегот на ЕУ доаѓа во услови на зголемена загриженост поради рускиот и кинескиот воен напредок во вселената и големите лансирања на сателити.

Имањето сопствен сателитски интернет систем може да му помогне на европскиот блок да го забрза воведувањето на широкопојасен интернет во Европа, што би ја опфатило и Африка, што ќе и овозможи на ЕУ да им понуди на африканските земји алтернатива на кинеските оператори, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Жените ми завидуваат, мажите се плашат од мене. Изгледам предобро и затоа сум сингл веќе шест години“

Развојот и распоредувањето на сателити би можело да започне следната година, а предложениот сателитски интернет систем би можел да вклучи изградба и лансирање до 170 сателити во ниска орбита помеѓу 2025 и 2027 година.