ЕУ ќе мора да прифати осум милиони бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок очекува дополнителен бран бегалци од Украина.

Loading...

„Мора да бидеме свесни дека досега повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина, но мора да сметаме на уште милиони за бегство“, рече таа пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

 

ОН: Бројот на бегалци од Украина е речиси 3,5 милиони

 

Според неа, се проценува дека ЕУ ќе мора да прими осум милиони бегалци од Украина.

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борељ, пред две недели предвиде дека околу пет милиони бегалци од Украина ќе пребегнат во Унијата.