ЕУ ја услови Македонија: Првин имплементација на договорот од Пржино, а после ќе видиме

Сподели со своите пријатели

Македонија денес по седми пат го преживеа обелоденувањето на извештајот за препорака за отпочнување на пристапните преговори за членство, но со таа разлика што овојпат препораката е условена, а тоа значи дека Комисијата на ова прашање ќе се врати по реализацијата на предвремените парламентарни избори во април следната година, кога ќе се изврши и проценка на тоа што до моментот е спроведено во поглед на договорот од Пржино, пренесува МАКФАКС, повикувајќи се на изјавата на евроамбасадор Аиво Орав, по презентацијата на годинешниот извештај за напредокот на земјата.

Loading...

Меѓу главните забелешки во поглед на политичките критериуми, во извештајот стои дека „Оваа година Македонија поминува низ најголема криза по онаа во 2001 година, со пресретнатите комуникации кои очигледно вклучуваат високи владини претставници, што укажува на кршење на основните човекови права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и во изборите, како и на партизација и на корупција“.

Во својот извештај Комисијата, исто така, потенцира дека меѓуетничките односи остануваат кревки, и дека случувањата во изминатата година го покажале значењето на проактивните мерки кои треба да се преземат за да се решат овие прашања, истовремено градејќи поголема доверба меѓу заедниците и комплетирање на Охридскиот рамковен договор.

Од ЕК се осврнуваат и на спорот со името, порачувајќи дека одржувањето на добрососедските односи и изнаоѓањето на решение за проблемот со името остануваат од најголемо значење.

ПОЛИТИЧКИ КРИТЕРИУМИ

Демократија

– Оваа година Македонија поминува низ најголема криза по онаа во 2001 годна.

Реформи во јавна администрација

Loading...

– Земјата умерено прави реформа на јавната администрација.Таа направи одреден напредок во законодавството и подобрување на услугите за граѓаните и за бизнисите.

Владеење на правото

– Се забележува назадување во судскиот систем на земјата. Достигнувањата со реформите од минатата деценија се поткопани од вистинско политичко мешање во работата на судството.

Човекови права и заштита на малцинствата

– Правната рамка за заштита на човековите права во голема мера е во согласност со европските стандарди, но фокусот треба повеќе да биде ставен на нејзиното спроведување. Телата што се вклучени во заштита и во унапредување на човековите права немаат доволно кадар и финансиски средства, а често се и лошо координирани помеѓу себе.

Медиуми

– Погребен венец е доставен до семејството на новинар, кој критички ги опсервира владините политики;

– Имаше неколку кавги помеѓу новинари, како и физички напад врз новинар од висок политичар, инцидент кој не беше осуден од Владата.

Loading...

Образование

– Протестите на студентите, универзитетските и средношколските професори, новинари и на други граѓански групи се зголемија како резултат на политичката ситуација и на најавите за нови образовни реформи. Во мај годинава протестите против полициската бруталност доведоа до насилни судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Од граѓанските организации тврдеа дека полицијата користела прекумерна сила за да го врати јавниот ред, а по растурањето на протестот се продолжило со апсења.

Судството и основни права

– Македонија има одредено ниво на подготовка за примена на европската легислатива и на европските стандарди во оваа област. Правната и институционалната рамка во голема мера е во ред, но нема напредок од  минатата година.

Функционирањето на судството

– Реализацијата на акциониот план 2015-2020 година за реформите во судството е во рана фаза. Формирани се шест работни групи за пристап до правдата, управното право, ИТ и е-правда. Процесот бара посилна политичка поддршка и многу подобра координација меѓу засегнатите страни. Последната измена на законската рамка страдаше од несоодветна консултација со експертите од оваа област и од недостиг на координација со меѓународните тела од оваа проблематика.

Антикорупциската политика

– Ефектот од истраги, обвиненија и од пресуди во случаите на корупција продолжи да се развива. Во 2014 година беа процесуирани уште 60 кривични истраги и обвиненија. Додека истрагата, гонењето и првостепени одлуки обично се брзи, одложувања се случуваат во фазите на жалба.

Loading...

Маргинализирани категории

– Лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, транссексуалците и интерсексуалците (ЛГБТИ-лица) продолжуваат да страдаат поради дискриминација и хомофобични содржини во медиумите. Шестиот насилен напад се случи за време на одбележувањето на втората годишнина на Центарот за поддршка на ЛГБТ, во кој две лица беа повредени. И покрај повиците на невладините организации и на меѓународната заедница за поскоро пронаоѓање на сторителите, ниту еден од нападите сè уште не е целосно расветлен.

Правда, слобода и безбедност

– Земјата е умерено подготвена за спроведување на европската легислатива во оваа област. Таа направи одреден напредок со донесување нови закони и стратегиски документи во повеќе области (миграција, перење пари и тероризам). Земјата е на транзитна рута за миграција, преку Турција и Грција кон Северна Европа.

Азил

– Бројот на нови апликации за азил продолжи да се зголемува, од 1.364 во 2014 година до 1.730 досега во 2015 година. Министерството за внатрешни работи во Одделението за азил во прифатниот центар во Визбегово назначил застапник со полно работно време, со што се подобрил пристапот до азил.

Loading...

ЕКОНОМСКИ КРИТЕРИУМИ

– Македонија има добра клима за развој на функционална пазарна економија и, општо, има постигнато напредок;

– Позитивни случувања се забележани во однос на зајакнато деловно опкружување, а назадување има во управувањето со јавните финансии. Развојот на конкурентен приватен сектор е попречен од слабите исполнувања на договорите и од голема сива економија;

– Фискалната дисциплина повторно падна, што укажува на потребата да се подобри среднорочното планирање на расходите;

– Нивото на јавниот долг се зголеми значително во последните неколку години и предизвикува загриженост поради транспарентноста. Предвидувањата се дека на среден рок тој уште ќе се зголемува, со оглед на планираните инвестициски проекти;

Loading...

– Уделот на Владата со економски средства остана на умерено ниво, а нејзиното влијание врз конкурентноста на приватниот сектор преку регулативи и субвенциите се зголемува;

– Основањето бизнис е лесно, но излегувањето на пазарот е тешко. Честите законски измени, нерамноправната примената на законите и тешкото спроведување на договорите го оптоваруваат бизнисот.

Извор: МЕТА


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.