ЕУ годинава издвојува 1 милијарда евра за зајакнување на одбраната

Сподели со своите пријатели

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.

Loading...

Истовремено се планирани дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра, со цел „ЕУ да стане центар на иновациите во одбранбениот сектор“.

 

ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

 

„Денеска решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ оваа година за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер просторот и другите области со висока технологија. Во нашиот нов безбедносен контекст, овие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз. Покренуваме и шема на ЕУ за иновации во областа на одбраната вредна 2 милијарди евра со цел Европа да стане центар на одбранбените иновации“, соопшти Комисијата, пренесува Танјуг.

Европската комисија потсетува на неодамна усвоениот план за зајакнување на одбраната на Унијата, кој вклучува инвестирање 200 милијарди евра во наредните години, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите-членки.