ЕУ го подготвува 10-тиот пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија се подготвува да воведе нов 10-ти пакет санкции против Русија на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Loading...

Според најавите, станува збор за пакет кој ќе се фокусира на технологијата што би можела да ја користи руската војска и начините за намалување на избегнувањето санкции.

Како што пишува денеска европскиот портал Политико, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, викендов разговарала со амбасадорите на ЕУ за плановите на Комисијата за 10. санкции против Русија.

Амбасадорите ќе се сретнат за да разговараат на оваа тема во среда, на 15 февруари.

Нови финансиски санкции треба да бидат воведени против четири руски банки, меѓу кои и најголемата приватна руска банка Алфа банка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија продолжува да се подготвува за преговори во Истанбул

Потоа забрана за руските граѓани да служат во одборите на компаниите за критична инфраструктура во ЕУ, како што се електричните мрежи или снабдувачите со гас.

Се подготвува и нов список од околу 130 субјекти и лица, предложен од Полска, балтичките земји, Германија и Франција.

Тие вклучуваат руски воен персонал, функционери стационирани од Русија на окупираните територии во Украина, новинари кои работат за руски државни медиуми и пропаганда како Раша Тудеј, како и компании и поединци во други земји поврзани со војната во Русија или групата Вагнер, како што е Иран, кој е обвинет за продажба на дронови на руската војска.

Loading...

На дневен ред се и трговските забрани за увоз во ЕУ на руски гуми и асфалт и за извоз на стоки од ЕУ во Русија, вклучувајќи камиони, други тешки возила, градежни машини, пумпи и друга механизација што се користи во градежниот сектор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тајмс“: Британската морнарица ќе користи технологија со ВИ за следење на руски подморници

Пакетот, исто така, вклучува дополнителни забрани за извоз на електронски компоненти кои Русија би можела да ги користи за производство на оружје, пишува Политико, и наведува дека Брисел, исто така, планира да ја наведе бродската компанија со седиште во Дубаи, осомничена дека и помогнала на Русија да ги заобиколи извозните санкции за нафтата.

Ова го соопшти фон дер Лајен на 9 февруари, при посетата на украинскиот претседател Зеленски, кога изјави дека прво ќе бидат воведени санкции против политичките и воените лидери.

– На мета сме и пропагандистите на Путин. Затоа што нивните лаги го трујат јавниот простор во Русија и во странство, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот за воздухопловство на ОН: Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион

Фон дер Лајен додаде дека пакетот ќе вклучува дополнителни забрани за извоз во вредност од над 10 милијарди евра.

Таа потсети дека меѓународната заедница работи напорно за правдата да биде задоволена.

– Три чекори се важни. Првиот е да се соберат и зачуваат докази за извршени злосторства. Веќе почнавме да го правиме тоа. Вториот чекор е обвинителите да работат заедно. За тоа поставуваме центар во Хаг. А следниот чекор е формирање на трибунал. На дискусијата за точната структура, рече претседателката на ИК.

Таа го увери Зеленски дека ЕУ има политичка волја да ги повика сторителите на одговорност, вклучително и за кривичното дело агресија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.