ЕУ го казни Фејсбук со 1,2 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

ЕУ ѝ одреди огромна казна на Мета, матичната компанија на Фејсбук, токму како што беше најавено.

Loading...

Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за рекордна казна од 1,2 милијарди евра за непочитување на правилата за приватност на ЕУ.

Ирската Комисија за заштита на податоците објави дека Мета ја прекршила Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) кога префрлила низа лични податоци на европските корисници на Фејсбук во САД без соодветно да ги заштити.

Тоа е најголемата казна изречена според GDPR. Досега најголемата казна изнесуваше 746 милиони евра, која ЕУ ја изрече на Amazon.com, пишува Ројтерс.

Во 2020 година највисокиот европски суд го поништи договорот меѓу САД и ЕУ за пренос на податоци, потсетува Ројтерс.

Мета минатата година предупреди дека поради забраната на механизмот што го користат за пренос на податоци од Европа во САД, би можеле да бидат принудени да ги прекинат услугите на Фејсбук на Стариот континент.